Четворица студенти од Математичкиот факултет од Белград направија бесплатна апликација која ќе им помогне на лицата со оштетен вид и далтонистите да можат да ги чујат боите.
Корисниците на мобилните телефони, чија платформа е windows, може да ја користат оваа апликација, што ќе биде достапна за две недели и на андроид уредите, целосно бесплатно.
Зад оваа апликација стојат студентите Лазар Радосављевиќ, Ѓорѓе Релиќ, Никола Цимбаљевиќ и Даниел Шарановиќ.
“Основната верзија на апликацијата функционира така што лицето кое има оштетен вид, преку апликацијата може да ги фотографира објектите кои го интересираат, а веднаш потоа ќе добие говорно известување која боја доминира на фотографијата. Секоја боја е поврзана со одреден тон, така што корисникот може да научи да ги слуша боите“, вели Релиќ за српски 24 сата.
Оваа апликација засега препознава 10 бои, но со текот на времето се очекува надоградување.