Станарите се враќаат на Менхетен

44

Станарите се враќаат на Менхетен и планираат да останат подолг временски период. Во мај бројот на изнајмени станови е зголемен за повеќе од четири пати на годишно ниво. Потпишани се вкупно 9.491 договор за изнајмување, што е најголем број на нови потпишани договори во еден месец од 2008-ма година, пренесува Bloomberg.

Скоро 60% од луѓето кои минатиот месец одлучиле да изнајмат стан на Менхетен, тоа го направиле со двегодишен договор, што е знак дека потрошувачите имаат долгорочен план да останат во градот. Уделот на двегодишните договори во вкупниот број на наемнини е најголем од почетокот на јануари 2019 година.

Сопствениците на недвижнини на Менхетен кои сакаат да ги пополнат празните станови понудиле попуст како што е бесплатен месец и слично. Наемнините во однос на мај минатата година се намалени за 11% и во просек се околу 3.037 долари месечно.

Фото: Pexels