Стандарт: Срби купуваат станови во Банско

185

bansko-castle-lodgeБогати Срби од Белград последнава година се натпреваруваат со Русите во побарувачка на станови во Банско, пишува Стандарт.

“Веќе има склучено десетици зделки, а интересот на српските граѓани за станови се зголемува со доаѓањето на зимската сезона”, вели Атанас Бутилов, сопственик на агенција за недвижности во Банско.

Побогатите Срби издвојуваат по 40.000-50.000 евра за станови, најмалку 70 квадратни. Други, пак, даваат по 20.000-25.000 евра за станови од 40-50 метри квадратни.

Побарувачката на станови во Банско ја намали цената за квадрат. За разлика од пред неколку години, кога цената одеше од 1.000 до 1.500 евра за метар квадратен, сега е 400-500 евра. Имотите што се подалеку од ски лифтовите се нудат и за 300 евра за метар квадратен.

Според Стандарт, познати српски спортисти, дипломати и бизнисмени веќе имаат станови во Банско.