Становите во Хрватска поевтини за 30%

47

stanovi

Цените на станбените недвижнини паднаа за скоро 30% во однос на преткризната 2008 година и се вратија на ниво на 2004 година, наведува Хрватска народна банка (ХНБ) во најновата студија Финансиска стабилност, пишува Пословни дневник.

Според ХНБ, цените значително почнале да паѓаат 2013 година, со тоа што падот е поизразен на Јадранот. Цените по квадрат на новите станови паѓаат нешто поспоро од цените на половните.

Поради кризата на пазарот со недвижности, во Загреб се појави прв случај на распродажба на цела станбена населба. Инвеститорот становите од 60 до 115 метри квадратни ги продава по цени од 840 до 990 евра по квадрат, а пред неполна година истите квадрати чинеле 1.300, 1.400 евра, јавува Дневник.хр.

Експертите очекуваат поради состојбата на пазарот да се појавуваат уште вакви случаи.