Првиот објект на познатиот американски ланец кафетерии Старбакс ќе биде отворен во Црна Гора на почетокот на следната година, беше соопштено на средбата на извршниот директор на турската компанија Зерен Холдин, Мустафа Јигит и премиерот Дритан Абазовиќ.
Компанијата Зерен Холдин ја закупи франшизата на американскиот ланец, пренесува Мина.
Владата соопшти дека Џигит го информирал Абазовиќ за нивната намера да го отворат првиот објект на Старбакс во Црна Гора. Тој го информирал Абзовиќ дека во тек е завршување на сите потребни процедури.
Се наведува дека турските бизнисмени го запознале Абазовиќ со нивната петгодишна работа во Црна Гора, како и со амбициозниот инвестициски план во повеќе области, како што се банкарството и недвижностите.
Црногорскиот премиер, како што се наведува, особено го истакнал значењето на пристигнувањето на светските брендови како Старбакс на црногорскиот пазар, истакнувајќи дека Владата во секој момент е подготвена да им помогне на странските инвеститори.