Starbucks ќе прима нарачки преку гласовна порака

27

starbaks

Американскиот ланец на кафетерии Starbucks на клиентите ќе им овозможи нарачките да ги прават преку гласовна порака на мобилна апликација за iOS оперативен систем и Amazon Alexa платформа.

My Starbucks® barista е нова технологија на нарачување и плаќање преку гласовна порака, базирана на вештачка интелигенција. Оваа опција се тестира на мал број iOS уреди во облик на бета верзија, а до крајот на годинава ќе биде достапна во конечна верзија за iOS и Android оперативни системи.

Новото дигитално искуство е продолжение на Starbucks Mobile Order & Pay што им овозможува на клиентите да нарачаат и платат пред да пристигнат во кафетеријата.