Starbucks ќе служи кафе со течен азот

46

kkStarbucks во својата широка палета на производи воведува ладно кафе со течен азот, коешто до крајот на летото ќе започне да се продава во 500 продавници на брендот низ САД, пишува Wired.

Овој вид на кафе се прави со ладна вода, а потоа чашата се поставува на славина низ којашто поминува течен азот. Пијалакот ќе чини околу четири долари и, како што велат од Starbucks, има само пет калории и не содржи шеќер.

Она што е интересно кај ова кафе е начинот на којшто се става во чаша, бидејќи многу потсетува на точење на пиво. Компанијата веќе има искуство со подготовка на ладно кафе, но ова е прв пат да се користат славини со течен азот.

На овој начин кафето во чашата ќе изгледа како да е точено Guinness пиво. Сепак, овој перформанс ќе вклучува и повеќе финансии со оглед на тоа дека еден ваков систем чини од 500 до 1.000 долари и воопшто не е лесен за одржување.