Starbucks воведува кафе со маслиново масло во Италија

47

Со нова верзија на кафе, Старбакс реши да се обиде да се прилагоди на италијанскиот пазар и да лансира нешто иновативно.
Имено, тие најавија дека воведуваат линија на пијалоци со маслиново масло.

Старбакс, инаку, не е премногу популарен во Италија поради специфичната природа на тамошните потрошувачи на кафе, што е дел од културната традиција. Италијанската сцена на кафе е позната по своите независни кафулиња, често управувани од семејства.

Старбакс моментално има околу дваесет кафулиња во Италија.

Палетата Oleato, која ќе се продава во Италија во среда, вклучува ледено еспресо и бело кафе со маслиново масло и „пена од овесно млеко“.

Ќе има и „cold brew“ кафе (ладно подготвено кафе) во кое „свилена инфузија од екстра-девствено масло од „Partanna“ со пена од сладок крем од ванила… полека се истура низ пијалокот“.

Фото: Pixabay