Стартап Македонија слави пет години од своето постоење и активно развивање на македонската стартап сцена

31

Стартап Македонија одбележува пет годишен јубилеј од активно потикнување на растот и развојот на македонскиот стартап екосистем. Основана на 8ми Aвгуст 2016г, Стартап Македонија е првата и единствената организација во земјава која континуирано ги обединува сите чинители во екосистемот, стартапите, основачите, претприемачите, акцелераторите, инкубаторите и инвеститорите, со цел да се создаде заедница во која иновациите ќе бидат претворени во глобални бизниси и успешни приказни. Поддршката на стартапите е клучна за да може тие да опстојат. Стартап Македонија пет години пружа огромна поддршка на голем број новосоздадени компании и инспиративни претприемачи и иноватори, со знаење, вештини, поврзувања и посветеност.

Водени од огромниот ентузијазам, желба и амбициозност, во креирањето на приказната за Стартап Македонија учествуваат многу чинители, со цел формирање еден поорганизиран стартап екосистем. Со поддршка на постоечките организации, партнери и индивидуи, Стартап Македонија успеаа за овие пет години да ја позиционира нашата земја  како една од поистакнатите стартап држави во регионот. Платформата на Стартап Македонија е првата дигитална платформа која брои повеќе од 145 стартапи и 50 организации. Преку неа можат стартапите, организациите и корпорациите се регистрираат и на едно место можат да ги пронајдат сите информации кои се достапни за нивниот развој во фазата во која се во моментот и полесно да го стигнат до следното ниво во нивниот развој.

Најголемите достигнувања, не само на Стартап Македонија, туку и на сите чинители во екосистемот е што е креирана заедничка синергија и вмрежување и е создадена заедница од програми и иницијативи, организации, основачи, индивидуи, кои заедно функционираат и си помагаат во подвизите.

Годинава Стартап Македонија заедно со  Бизнис Импакт Лаб и со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Swiss EP успеаа да го организираат #МКстартапс Самит – Прв Национален Стартап Самит. На овој хибриден настан се собраа повеќе од 30 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата на Република Северна Македонија и ги дефинира чекорите кои заеднички  треба да ги преземат за нашата земја да ја позиционираме како регионален стартап хаб. Дополнително,  заедно со ФИТР, Стартап Македонија во јуни оваа година го промовираше Connecting Macedonian Startup Ecosystem 2021 – истражувањето за мапирање на моменталната состојба на екосистемот и истовремено истакнувајќи ги предизвиците и можностите каде што стартапите и организациите за поддршка можат да се подобрат и да напредуваат преку поотворена и транспарентна соработка.

Стартап Македонија и понатаму заедно со своите партнери ќе нуди соодветна техничка поддршка во сите фази на развој на еден стартап за да можат компаниите и основачите да растат соодветно своите визии и да ги остварат своите цели. Преку соработката со Швајцарската програма за претприемништво, УСАИД и програмите како Finance In Motion се овозможуваат креирање на различни програми кои се повеќе од потребни за македонските претприемачи и чинители на стартап заедницата.

По повод одбележувањето на роденденот на Стартап Македонија, наредната недела ќе се промовира програмата Corporate Innovation Collaborators за зголемување на соработката меѓу стартапите и корпоративниот сектор.  Целта на оваа програма е да се мотивираат големите корпорации активно да се вклучат во развојот на македонскиот стартап екосистем.

Од Стартап Македонија велат дека ќе продолжат со уште поголемо темпо да работат со стартапи и да им пружат поддршка насочена за раст на бизнисот и зголемување на продажбата. Покрај промоција на стартапите со кои тие работат и нивните понуди кон бизнис заедницата, ќе се насочат и кон промоција на услугите кои корпоративните партнери насочени за стартапите.

„До заедницата, стартапите, претприемачите, партнерите, донаторите и пријателите: Ви благодариме што сте дел од оваа  приказна и заеднички уште многу години да правиме позитивна трансформација!“ – Стартап Македонија