Стартап Македонија во соработка со Monday дигитална агенција ја добија глобалната награда BRAND CHAMPION AWARD за Global Enrepreneurship Week 2022

52

Кога идејата и амбицијата се сретнуваат со креативноста и експертизата, резултатите се за награда. Стартап Македонија, во соработка со дигиталната агенција Monday, не само што ја засилија претприемничката култура во Македонија, туку и ја ставија нашата земја на глобалната карта со доделувањето на престижната награда BRAND CHAMPION за Глобалната недела на претприемништво 2022 во Мелбурн, Австралија.

Глобалната недела на претприемништво (ГНП) е повеќе од настан. Таа е годишна иницијатива која служи како светилник за претприемачитее од сите краишта на светот а Стартап Македонија успешно стои зад оваа иницијатива веќе од 2018 година. Зад секоја годишна манифестација има месеци планирање, креативно размислување и иновации. Со искусниот тим на Monday дигитална агенција, и студентите од тренинг програмите за графички дизајн и дигитален маркетинг во Monday Learning кои стојат зад брендирањето и маркетингот на оваа иницијатива, Стартап Македонија успешно ја комуницираше својата идеја, ја инспирираше локалната заедница и привлече внимание на глобално ниво во конкуренција од над 170 земји.

Минатата година Глобалната Недела на претприемништво славеше јубилејни 15 години по основањето, инспирирајќи и обединувајќи претприемачи од различни култури и позадини. Под водство на Старап Македонија и со креативната визија на Monday, минатогодишната Глобална Недела на претприемништво успеа да донесе една свежа и иновативна перспектива преку кампања која донесе рекордна посетеност на настаните во рамки на GEW2022.  Соработката на Стартап Македонија и Monday дигиталната агенција трета година по ред добива номинација за наградата BRAND CHAMPION со тоа што крајниот резултат оваа година беше самата награда.

„Startup Macedonia беше номинирана за 2 награди и во име на целиот тим, ја примив статуетката за BRAND CHAMPION AWARDS за GEW 2022. На Гала Вечерта во Мелбурн, Австралија присуствуваа 500 претставници од над 100 држави од светот кои заеднички делуваат преку своите организации во поддршка на иновациите и претприемништвото.  Горд сум што покажавме дека може да се направи вистински импакт доколку сите ресурси што ги имаме ги споиме заедно во една цел.” – вели Игор Маџов – претседател на Стартап Македонија и координатор на Глобалната недела на претприемништво во С. Македонија.

Овој успех е доказ дека кога организациите соработуваат со заедничка цел, нивните колективни напори можат да направат силен впечаток на светска сцена. На Старап Македонија и на Monday им честитаме од срце и ги почитуваме за нивната посветеност, иновации и бескомпромисна страст кон претприемништво. Нека оваа награда служи како инспирација за сите млади и амбициозни претприемници и да продолжи да води кон нови и поголеми постигнувања!