
Во 2023 година новосоздадени се 6.260 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности, објави Државниот завод за статистика.
Во 2023 година се регистрирани 6.260 нови претпријатија, што претставува 9.3 % од вкупно активните, пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор.
Во однос на 2022 година е забележано намалување на бројот на новосоздадените претпријатија за 2.1 %.
Овие претпријатија ангажираат 14. 878 лица, што претставува зголемување за 7.4 % во однос на претходната година. Без вработени лица биле 18.9 % од новосоздадените претпријатија.
Од вкупниот број активни претпријатија, во 2022 година згаснале 7.1 %, односно 4 715, главно, во секторот Трговија на големо и мало.