„Стејплс центар“ го менува своето име во „Crypto.com Arena“ за 700 милиони долари

24

„Стејплс центар“ салата во Лос Анџелес ќе го промени своето име во декември благодарение на богатиот договор што раководството на салата го потпиша со компанијата Crypto.com со седиште во Сингапур, која промовира поширока употреба на криптовалути.

Раководството на салата во која своите игри ги играат кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Спаркс ВНБА и хокеарскиот тим на Лос Анџелес Кингс во НХЛ, потпиша 20-годишен договор вреден 700 милиони долари со Crypto.com.

Новото име „Crypto.com Arena“ салата ќе го носи од овој Божиќ, но натписот на салата ќе се смени дури во јуни следната година.

„Стејплс центарот“ е отворен во 1999 година и има капацитет за 20.000 гледачи.