Стилизирани чевли со ѓон од рециклирани гуми

307

Фото: Hugs & Co.

Hugs & Co., компанија со седиште во Лондон, Англија, креираше луксузни чевли чијшто ѓон е изработен од рециклирани гуми. Според тимот, за нивно производство потребно е многу помалку енергија од традицоналната изработка на ѓонови, пишува Inhabitat.

Чевлите се само еден дел од портфолиото на компанијата, а одговараат на секакви прилики. Наликуваат на мокасини, а доаѓаат во неколку стилови и бои.

Материјалите за нивна изработка се набавуваат од Европа, вклучувајќи италијански велур, заедно со висококвалитетна кожа за внатрешноста на чевелот. За ѓонот беа искористени рециклирани гуми од Michelin во Шпанија, а истиот е рачно сошиен.

Hugs & Co. е основана во 2012 година од браќата Бенџи и Хуго Дејвис, а произведува чевли за мажи и жени, како и додатоци за мобилни телефони.