Стипендии за македонските студенти и менаџери од водечкиот бизнис универзитет HULT

41

Една од највисоко рангираните бизнис школи во светот HULT International Business School по трет пат ќе ги претстави можностите за стипендии на македонските менаџери и лидери на саемот „Стипендии Експо 2012“, што ќе се одржи на 16 и 17 ноември (петок и сабота) во Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски во Скопје.

Оваа реномирана школа веќе втора година ги нуди можностите за стипендии  во Југоисточна Европа.  На манифестацијата Стипендии ЕКСПО ќе се одржат посебни презентации на програмите за стипендии за додипломските и последипломските студии (BA, MBA, Executive MBA, Master), но заинтересираните ќе можат и лично да се запознаат со опциите за стекнување стипендија преку разговор со претставникот на оваа школа.

HULT е основан во 1964 година како прв американски корпоративен факултет, фокусиран на нудење практично бизнис образование за менаџери. Денес прерасна во една од најголемите бизнис школи во светот, што е потврда за квалитетот на образованието што го нуди.

HULT е на првото место за меѓународно искуство на листата на Фајненшал Тајмс за Топ 100 бизнис факултети за 2012 година, додека „Економист“ го рангира меѓу 29-те најдобри факултети за бизнис во светот, и меѓу 20-те најдобри универзитети во САД.

На листата на Фајненшал Тајмс за рангирање на глобални МБА програми, оваа школа е прва на ранг листата според бројот на дипломирани постдипломци.

Школата има кампуси во Бостон, Дубаи, Лондон, Сан Франциско и Шангај, а најновите во Сао Паоло и Њујорк ќе се отворат за упис од септември 2013. Речиси 90% од студентите го избираат HULT поради системот на глобална ротација на кампусите. Студентите можат да изберат еден кампус, а потоа да студираат на други два и на тој начин да стекнат знаење и да разменат искуства со професионалци од повеќе економски региони.

Дури 80% од наставата се заснова на искуството од реалниот бизнис свет. Студентите работат за компаниите од типот на P&G, Motorola и Credit Suisse, водат своj бизнис или креираaт свој патент.

HULT на македоснките студенти им нуди финансиска помош за следниве програми:

Global One year MBA, Global one year MASTER, Executive MBA – едногодишен МБА и едногодишна Мастер програма, како и извршен МБА наменет за менаџерите со работно искуство.

За овие програми, HULT на македонските студенти и професионалци им става на располагање сума од 300.000 евра што ќе ја подели на студентите кои ќе се запишат на оваа школа и ќе им покрие голем дел од школарината.

За подетални информации за програмите кои ги нуди оваа школа, како и за опциите за упис и процесот за добивање на финансиска поддршка, заинтересираните студенти и професионалци може да се обратат на штандот на  HULT за време на манифестацијата Стипендии ЕКСПО 2012, како и во Образовно информативниот центар Скопје, официјален регионален партнер на HULT или на веб страниците:

www.stipendii.mk

www.oic.org.mk