Stompump Tire Inflator – преносна пумпа за брзо и лесно користење

96

Foto: Kickstarter

Stompump Tire Inflator е пумпа за велосипеди што ги полни гумите со потребната количина на воздух брзо, во секое време и со минимум енергија.

Ваквите пумпи најчесто се големи и тешко можат да се сместат на велосипедот, што не е случај со Stompump Tire Inflator. Таа со себе има механизам што се вградува на велосипедот под местото за шише за вода.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Саусалито, Калифорнија. Stompump Tire Inflator ги пумпа гумите три пати побрзо од обичните пумпи, без многу енергија.

Пумпата е направена да се користи за пумпање на гуми на велосипеди, скутери, колички за бебиња, а може да се искористи и за пумпање на гуми на автомобил, поголеми мотори и приколки за автомобили.

Производот има своја  кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 14.884 долари, од потребните  10.500 долари, а кампањата трае уште 55 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.