Стопанска банка АД – Скопје со подобрени услови за станбен кредит

23

stopanska-bankaНовата промотивна понуда за станбен кредит од Стопанска банка АД – Скопје, која започна на 10 септември, нуди трајни и подобрени услови за кредитирањеза нов дом, при што каматната стапка останува гарантирана цели 5 години.

Исто така оваа понуда на Стопанска банка е без административни и трошоци за проценка до крајот на октомври 2013.

Отсега клиентите ќе можат да одберат станбен кредит со гарантирана каматна стапка од 5,00% годишно за првите три години, како и гарантирана каматна стапка од 6,00% годишно за четвртата и петтата година, кои важат за клиентите кои ги примаат своите плати преку Стопанска банка.

По истекот на петгодишниот период со гарантирана каматна стапка, се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 6,89% годишно, која повторно важи за клиентите кои ги добиваат своите примања преку Стопанска банка АД – Скопје. Каматната стапка на вкупните трошоци изнесува 6,59% годишно.

Поволната камата и ниските месечни ануитети како резултат на долгиот период на отплата до 30 години, го прават станбениот кредит исклучително поволен за сите оние кои сакаат да дојдат до нов дом.

Промотивната понуда трае до 31 октомври.

За дополнителни информации обратете се во експозитурите на Банката, на www.stb.com.mk или на телефонскиот број 02/3100109.