Стопанска банка АД – Скопје спонзор на Охридско лето 2013

60

stopanska_bankaТрадиционално и оваа година, Стопанска банка АД – Скопје е спонзор на Охридско лето 2013, кое по 53-ти пат се одржува во Македонија.

Најголемата летна културна манифестација ќе трае од 12 јули до 20 август, период во кој предвидени 40 фестивалски денови со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера.

Ќе учествуваат повеќе од 840 уметници од Русија, Словенија, Германија, Италија, Турција, Бразил, Полска, Хрватска, Литванија, Унгарија, Канада, Албанија, Шведска, САД, Украина, Ерменија, Франција, Велика Британија, Кина, Аргентина, Србија. Годинешното издание денес, свечено ќе го отвори светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија – Дмитри Хворостовски во Античкиот театар во Охрид .

“Стопанска банка традиционално 10 години по ред, ја поддржува најголемата музичко – сценска манифестација Охридско Лето. Голема чест ни причинува фактот што сме дел од 53-тото издание на фестивалот, кој сите овие години на едно место ги обединува врвните имиња од македонската и светската уметничка елита, како и сите останати љубители на уметноста. Се надеваме дека оваа реномирана меѓународна манифестација ќе продолжи да се одржува уште многу години, и дека Охрид и Македонија ќе останат позиционирани на мапата на елитната светска уметничка сцена” – изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје.

Стопанска банка АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста во државата.