Стопанска банка Битола купи 9,4% акции во Европа

66

lСтопанска банка Битола стана сопственик на 9,4% од акциите во скопската кондитерска индустрија Европа. Продавачи на акциите се фирмите на Јовица Стефановиќ – Нини, Вет фарм трејд и Јака 80.

Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) официјално ја потврди оваа информација. Во нивната евиденција стои дека нов сопственик на 9,4% од акциите во Европа Скопје е Стопанска банка Битола.

Банката вложи 1,5 милиони евра во 24.015 акции со право на глас во Европа Скопје кои се купени по единечна цена од 3.145 денари за акција, односно по вкупна цена од 1,22 милиони евра.

Стопанска банка Битола со ова стана четврти по големина акционер во кондиторската индустрија. Како што стои во извештајот на ЦДХВ, најголем акционер во Европа е Макошпед кој поседува 19,05% од акциите, потоа Фершпед со 18,06%, Ветфарм Трејд со 10,51%. Самата фабрика поседува 10% од акциите, по што следува Стопанска банка Битола со 9,39%.