Стопанска банка со нова промотивна понуда на станбени кредити

36

stopanska-banka

Стопанска банка со понуда на станбени кредити прилагодени на потребите и можностите на своите клиенти.

“Во потрагата по нов дом за моментите кои сакате да траат вечно, Стопанска банка АД – Скопје излегува во пресрет со понудата на станбени кредити прилагодени на потребите и можностите на сите наши клиенти. Дополнително, сите одобрени кредитни барања до 15.06.2017 година ќе добијат намалени каматни стапки гарантирани за првите пет години, поточно 4% за првите три години и 4,3% за останатите две години“, стои во соопштението.

Понудата вклучува и 100% ослободување од иницијалните трошоци поврзани со кредитот, односно нотарски, административни и трошоци за процена. Процедурата е брза и едноставна, особено за клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка.