Стотици модели на HP лаптопи “заразени“ со шпионска програма

41

hp-laptop-1037930_960_720

Фото: Pixabay

Специјалисти по сајбер безбедност открија скриена програма наречена keylogger во стотици модели на HP лаптопи, којашто може да сними сè што корисникот пишува на тастатурата без негово знаење, пишува BBC.

Истражувачот за безбедност, Мајкл Минг го пронајде шпионскиот keylogger во софтверски драјвери преинсталирани на HP лаптопи со цел да се овозможи функционирање на тастатурата. Од компанијата велат дека повеќе од 460 модели биле под потенцијална безбедносна закана и обезбеди лепенка (software patch) за негово отстранување.

Помеѓу моделите погодени од програмата keylogger се EliteBook, ProBook, Pavilion и Envy, а HP објави целосна листа на “оштетени“ лаптопи што датира од 2012 година па наваму.

Од компанијата велат дека ги разбираат купувачите и нивните сомнежи, но дека ниту Synaptics, (компанијата со којашто соработувале на тастатурата), ниту HP не пристапиле до било чии податоци како резултат на скриената програма.