Странските туристи ќе придонесат со рекордни 800 милијарди евра за европската економија во 2024 година

Туристите од странство во посета на Европа оваа година ќе потрошат рекордни 800 милијарди евра, што претставува зголемување од 37 отсто во однос на периодот пред пандемијата во 2019 година, објави  Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Организацијата проценува дека бројот на пристигнувања на странски туристи во Европа досега е зголемен за шест отсто во однос на 2019 година, што претставува нов рекорд.

Двигателите на овогодинешниот европски туристички бум се Американците, се додава во извештајот, а 72 отсто од туристичките трошоци досега се направени во западноевропските дестинации, според Блумберг.