Студената пролет ја турна продажбата на H&M под прогнозата

Шведската малопродажна компанија H&M (Hennes & Mauritz) забележа послаб раст на продажбата во вториот квартал поради – како што наведуваат – студеното време.

Продажбата во вториот квартал, од 1 март до 31 мај, во однос на истиот период лани, е зголемена за шест отсто, на 57,616 милијарди шведски круни или околу 4,95 милијарди евра, објавено е на веб-страницата на компанијата.

Сепак, очекуваа раст на продажбата од седум отсто, пренесува Ројтерс.

Продажбата во вториот квартал беше под влијание на неповолните временски услови на неколку големи пазари на групацијата H&M“, се додава во соопштението на шведската компанија. Инаку, нејзиниот најголем пазар е Германија.

Во исто време, H&M објави дека е „задоволен од првите резултати од јунската продажба“. Целосните резултати за вториот квартал ќе бидат објавени на 29 јуни.