Студенти од Кина поминаа 200 дена симулирајќи дека се на Месечината

16

moonФото: Pixabay

Четири кинески студенти поминаа 200 дена во импровизирана месечева лабораторија во Пекинг со цел државата подобро да се подготви за тоа како да ги пресели луѓето на Месечината, пишува Technology Inquirer.

Студентите биле сместени во кабина со површина од 160 метри квадратни лоцирана во кампусот на Универзитет во Пекинг, каде што се тестирале границите на луѓето да се снајдат во толку мал простор, сами и без да имаат било каков допир со надворешниот свет. За време на престојот, студентите се прехранувале одгледувајќи експериментални култури со помош на нус производи од храна и отпад, а отпадот бил третиран преку процес на биоферментација. Лабораторијата се состои од четири кабини за спиење, заедничка просторија, бања, просторија за третман на отпад и соба за одгледување на животни.

Слично истражување е спроведено во 2014 година, но траело само 104 дена.

Иако Кина не очекува да ги прати своите први астронаути на Месечината најмалку уште една деценија,  проектот има за цел да ѝ помогне на земјата да ги подготви истражувачите за нивниот престој на Месечината. Пекинг ја гледа програмата како симбол на напредок на земјата и нејзиниот растечки глобален раст.