Студенти од Машински факултет освоија злато за нивното иновативно решение

120

Група студенти од Машинскиот факултет во Скопје креираа иновативен производ – Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало, којшто им донесе злато во Сеул, Јужна Кореја.

Зад проектот стојат студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф. д-р Иле Мирчески и дипломираниот машински инженер Тошко Ристов.

Македонскиот пронајдок, на 12-та по ред меѓународна изложба KIWIE 2019 одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO ги доби следните награди:

– Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

– Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

– Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Фото: Машински факултет