Styria нуди 2,5 милиони евра за мариборски Вечер

26

vecerАвстрискиот медиумски концерн Styria е во преговори за купување на мариборскиот дневен весник Вечер, за кој нуди 2,5 милиони евра, пишуваат словенечките медиуми.

Сопственик на Вечер е љубљанско Дело, најголемата словенечка новинска куќа, која пак е во сопственост на Пивоварна Лашко. Поради превисока концентрација на пазарот на печатени медиуми, Агенцијата за заштита на пазарна конкуренција во 2009 година издаде одлука дека Дело мора да ги продаде акциите на Вечер. Досегашните обиди за продажба, од кои некои се оценети како шпекулативни, беа безуспешни.

Styria во Словенија го издава бесплатниот весник Журнал и има 25% акции на љубљански Дневник. Австријците и претходно покажаа интерес за весникот Вечер, со што би ја зајакнале позицијата на словенечкиот медиумски пазар.

Styria ги издава Die Presse, Kleine Zeitung, WirtschaftsBlatt во Австрија, 24сата, Пословни дневник и Вечерњи лист во Хрватска и Вијести во Црна Гора.