Субвенции од 3,2 милијарди евра за развој на батерии

22

Европската унија одобри 3,2 милијарди евра субвенции на седум земји членки, за истражување и иновации во производството на батерии. Со ова унијата сака да го ограничи влијанието на Кина во оваа сфера.

Одобрени се проекти за Белгија, Финска, Франција, Германија, Италија, Полска и Шведска за поддршка на истражување и иновации во заедничка европска приоритетна област за развој и производство на батерии.

“Производството на батерии во Европа е стратешки интерес за нашата економија и општество затоа што има потенцијал за чиста мобилност и енергија, ќе помогне да се создадат работни места, одржливост и конкурентност“, вели Маргарет Вестагер, европска комесарка за конкуренција во Унијата.

Според ЕУ, ова финансирање на државите членки би требало да поттикне мобилизирање на дополнителни пет милијарди евра приватни инвестиција.

Фото: Pexels