Судот одлучи: Credit Suisse виновна – не спречила перење пари од нарко картели

79

Швајцарскиот федерален кривичен суд ги осуди банката Credit Suisse и нејзиниот поранешен вработен бидејќи не спречиле перење пари од нарко картел. Ова е прво вакво судење на една од најголемите банки во Швајцарија, пренесува Reuters.

Судиите одлучија дека Credit Suisse и поранешните вработени не сториле доволно за  да запрат бугарска криминална група која тргувала со кокаин и перела профит преку банка помеѓу 2004 и 2008 година. И банката и вработените ја негираа вината.
Судскиот случај, кој вклучуваше сведочења за убиства и донесени куфери во готовина, беше внимателно следен во Швајцарија. Тоа се смета за тест за обвинителите кои треба да заземат построг став во споровите против банките во таа земја.