Sunflower: Чадор што го следи сонцето

64

shadecraftabout

Фото: ShadeCraft

ShadeCraft компанија од Лос Анџелес, Калифорнија, го создаде првиот чадор којшто обезбедува сенка со следење на сонцето, пишува Curbed. Sunflower се движи на сончева енергија и може да послужи и како полнач за други уреди. Чадорот го складира вишокот на енергија во батерии што траат и до 72 часа, па така корисникот може преку USB кабел да го полни својот мобилен телефон.

Sunflower ротира за 360 степени со помош на три електрични мотори и може да се свитка под агол од 45 степени. Има вградено повеќе сензори што го следат сонцето и автоматски ја прилагодуваат сенката. Чадорот е опремен и со сензори што го следат квалитетот на воздухот, временските услови и доколку има силен ветер тој се затвора како превенција од кршење.

Освен тоа, Sunflower е опремен и со камери што можат да се искористат како безбедносни системи или едноставно да снимаат панорамски слики од опкружувањето.

Чадорот, исто така, има Wi – Fi и Bluetooth со коишто корисниците можат да се поврзат со останатите паметни уреди или да го контролираат Sunflower од далечина, како и микрофон и звучници за гласовни команди и слушање музика.

Цената на производот изнесува 2.700 долари и според креаторот Армен Гарабиџен, Sunflower би требало да се појави на пазарот следната година.