Супер паметниот LG G2 телефон достапен во салоните на Вип

24

ht_t_mobile_lg_g2_ll_130807_16x9_992Најновиот супер паметен телефон на LG, моделот LG G2 екслузивно во Македонија, благодарение на операторот Вип.

Супер паметниот телефон LG G2 ќе биде достапен во салоните на Вип и тоа по цена од 7.499 денари во Вип постпејд.

Инаку, LG G2 е првиот модел на оваа компанија во рамките на новата премиум G серија. Се работи за телефон чија технологија и дизајн произлегуваат од потребите на корисниците и нивните навики, што се добиени преку детални истражувања на пазарот.

Супер паметниот е првиот паметен телефон кој има функционални опции на задната страна на телефонот, со што на корисниците им се овозможува дополнителна контрола при изборот на функции, а истовремено на овој начин се намалува ризикот за пад на телефонот при разговор.

Компанијата LG Electronics преку овој модел на супер паметен телефон го претстави и најновиот Full HD екран со дијагонала од 5,2 инчи.

Телефон има камера од 13 мега пиксели со одлични перформанси и поседува оптички стабилизатор на сликата со што се избегнува заматувањето на сликата при фотографирање, како и стабилен фокус при фотографирање, како кај дигиталните фотоапарати.

LG G2 има Аudio Zoom кој е навистина одлична функција за сите оние кои бараат звук до перфекција. Со овој телефон корисниците имаат можност да го подобрат самиот квалитет на аудио записот, преку т.н. зумирање на одреден објект или на звукот кој доаѓа од тој објект, кој на тој начин доаѓа во преден план.

Супер паметниот телефон ги препознава движењата на корисникот и е подготвен за користење со едноставно притискање два пати на екранот, благодарение на т.н Knock On можност.

Со Guest Mode функцијата, корисникот одлучува кои апликации и опции на телефонот ќе му бидат достапни само нему, а кои на сите оние кои дополнително го користат истиот LG G2. Оваа опција овозможува корисникот да креира различни шифри на отклучување на телефонот за различни профили на користење. Со тоа LG G2 е безбеден дури ако го земе во раце и дете.

Со опцијата Zoom to Track корисникот може да гледа видео клипови на интерактивен начин, едноставно преку одбирање на објект во видеото кој се движи и негово зумирање, со што се создава чувство како корисникот да се наоѓа зад камерата и снима – дури и откако го снимил клипот.