Денес, утре и задутре во Скопје, Супербрендс Македонија ќе одржат предавања на тема Основни комуникациски стратегии за поуспешни продажни резултати. Познатиот хрватски професор, социјален педагог и лиценциран тренер за НЛП методата на комуникација, Саша Теноди, ќе биде главниот предавач на настанот.
“Супербрендс Македонија постојано работи на тоа да се зголеми свеста на јавноста за големата улога на брендовите. Ќе продолжиме и понатака да организираме обуки,семинари за маркетинг, важноста на брендовите и комуникацијата”, изјави Зоран Саздовски претставникот на Супербрендс за Македонија.
Овие еднодневни предавања се со цел да им помогнат на учесниците на предавањето да ги развијат вештините во односот “еден на еден”. Обуките се наменети и за развивање на поголема самодоверба во комуникацијата, стекнување подобри вештини за изразување на попрецизен начин, и запознавање на правилата за флексибилно и успешно комуницирање.