Суша во Италија: Цената на храната може да се зголеми за 50 отсто

70

Сушата во северна Италија ги загрозува приносите за производство на маслиново масло, ориз и домати.

Се очекува најголемата суша во регионот во последните 70 години значително да влијае на приносите, а цените може да пораснат за 50 отсто. Кајл Холанд, аналитичар на групата за истражување на пазарот Минатек, рече дека некои пазарни извори сугерираат дека производството на италијанското маслиново масло може да биде за 20 до 30 отсто помало од лани, пренесе Индекс.

Тој вели дека може да дојде до „значителен пад на глобалната понуда“ на масло затоа што се очекува дека врелото и суво време ќе ги намали посевите во Шпанија со 15 отсто.

„Веќе гледаме дека некои стебла маслинки не даваат плодови, што се случува само кога нивото на влага во земјата е краткорочно ниско. помало производство, а со тоа и ограничена понуда на маслиновото масло, веројатно ќе предизвика раст на цените во следните месеци“, вели Холанд.

Италијанските цени на ориз и домати веќе двојно скокнаа во последните две години.

Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони и најави вонредни мерки за сѐ поинтензивните суши по долината на реката По. Северот на земјата не навикнал на сушни периоди и затоа нема исти системи за наводнување како оние кои им помагаат на земјоделците на југот, пишува „Гардијан“.