Сушилница за овошје во Берово пуштена во пробна работа

48

sliva

Во погонот на Агромакс, Берово, пуштена е во пробна работа новата 10-тонска сушилница за овошје. Инвестицијата е вредна 10 милиони денари, а 50% од средствата се обезбедени преку програмата ИПАРД и Агенцијата за рурален развој, јавува Миа.

Со ова, според сопственичката на компанијата, Габриела Арсова – Милошевска, значи дека започнува процесот на сушење на првата македонска брендирана сушена слива, финално обработена со новата современа технологија по теркот на европските произведувачи на сушено овошје.

Дневното производство нa сушилницата е 2,5 тони сушена слива. Капацитетот на Агромакс на годишно ниво е преработка на 500 тони свежа слива.