
Суспендирањето на испораките на руски гас преку Украина ќе ја чини Европа 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
– Оваа одлука на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја чини ЕУ околу 50 милијарди евра гас, а уште 70 милијарди електрична енергија произведена од гас – рече Фицо во видео пораката објавена на социјалните мрежи, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека Европа на тој начин ќе плати неверојатни 120 милијарди евра поради прекинот на испораката на руски гас преку Украина, а потоа понатаму преку Словачка до другите европски земји.
Според него, тоа ќе доведе до скок на цената на гасот во Европа, што дополнително ќе ја ослабне европската економија.











