Светлосна терапија за пчели за заштита од пестициди

126

pceli-med-sake

Третирање на пчелите со светлосна терапија може да ги отстрани штетните последици од пестицидите, покажува студијата на University College London.

“Неоникотиноидните пестициди се постојана закана за пчелите на глобално ниво, коишто имаат важна улога во земјоделието. Мојот тим работи на развивање мал уред којшто може да се постави во кошницата, а во исто време да биде економично решение за овој проблем што е широко распространет“, вели професорот Глен Џефри.

Пестицидите претставуваат голема опасност за пчелите, но овој третман вклучува инсталирање на инфрацрвени зраци во кошницата, што може значајно да придонесе за подобрување на нивната стапка на преживување. Неоникотиноидните пестициди ја намалуваат мобилноста на пчелите поради што тие нема да можат сами да се хранат.