Светска банка: 7% од зградите во Скопје под висок ризик при земјотрес

274

Во Скопје 7% од зградите се оценети како проблематични во услови на земјотрес, нотира Светска банка.

“Околу 38.000 луѓе или околу 7% од популацијата во градот живее во згради со висок ризик“, нотира Светска банка за жителите на Скопје, додавајќи дека тоа е резултат на обновата во којашто се ангажирала целата меѓународна заедница, како и еден од познатите јапонски архитекти, Кензо Танге кој остави печат врз изгледот на постземјотресно Скопје.

Податоците покажуваат дека за земјотресот што го зафати Скопје во 1963 година, направи штета на 80% од градските згради, вклучувајќи и историски објекти, а остави тројца од четворица жители без покрив над главата.

Во Скопје околу 29% од населението живее во згради во коишто има повеќе домаќинства.

Во анализата на Светска банка се вклучени неколку градови од регионот, каде што во згради со висок ризик живеат: 35% од жителите на Загреб, 33% од жителите на Белград, 32% од жителите на Ријека, 21% од жителите на Софија, 20% од жителите на Пловдив, 18% од жителите на Мостар, 10% од жителите на Тирана…

Фото: Freepik