Нафтениот гигант БП го дуплираше профитот на 3,2 милијарди долари во првиот квартал

Британскиот нафтен гигант БП денес објави дека речиси двојно го зголемил профитот во првиот квартал од 2026 година на околу 3,2 милијарди долари, благодарение на порастот на цените на нафтата и гасот поради војната на Блискиот Исток.

Акциите на БП пораснаа за околу два во раното тргување во Лондон, достигнувајќи го највисокото ниво за повеќе од една недела, откако резултатите ги надминаа очекувањата на пазарот за околу 20 проценти, особено во сегментот на рафинирање и трговија, објавува Гардијан.

За споредба, БП објави профит од 1,54 милијарди долари во последниот квартал од 2025 година и 1,38 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година.