Светска банка: Делта сојот го забавува економското закрепнување

12

Закрепнувањето на источноазиските и пацифичките региони е забавено со ширењето на варијантата делта на вирусот корона, што најверојатно ќе го забави економскиот раст и ќе ја зголеми нееднаквоста во регионот, соопшти Светската банка.

Економската активност започна да забавува во вториот квартал од 2021 година, а прогнозите за раст се ублажени за повеќето земји во регионот, се вели во есенскиот извештај на институцијата за Источна Азија и Пацификот.

Предвидениот економски раст на Кина е 8,5 проценти, а остатокот од регионот 2,5 проценти, што е речиси два проценти помалку од прогнозата во април 2021 година, наведува Светска банка.

“Во 2020 година, овој регион го спречи ковид -19 додека другите региони во светот не успеаа, а ширењето на ковид -19 во 2021 година ги намалува шансите за раст во 2021 година“, рече Мануела Феро, потпретседател на Светска банка за Источна Азија и Пацификот.