Светска банка подготвува 350 милиони долари за Украина и поголема поддршка

Светската банка (СБ) подготвува исплата на 350 милиони долари  за Украина, за што ќе одлучи одборот на СБ до крајот на март.

На состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас рече дека групата ќе продолжи да ги поддржува украинскиот народ и економијата за краткорочни и долгорочни потреби, се вели во соопштението на Светска банка.

По првата финансиска помош ќе следи поддршка за буџетот и реформите, вклучително и енергетскиот и климатскиот сектор, пренесува Ројтерс.

Малпас и Зеленски разговараа и за голем број проекти за Украина, вклучително енергетска ефикасност, инфраструктура, железници, зајакнување на економијата и создавање работни места во источна Украина.