
Вкупно 39 земји погодени од конфликти и нестабилност сè повеќе заостануваат зад остатокот од светот, објави Светската банка денес во својот нов извештај.
Според податоците, БДП по глава на жител во нестабилните земји се намалува за просечно 1,8 проценти годишно од 2020 година, додека во другите земји во развој се зголемува за 2,9 проценти.
Повеќе од 420 милиони луѓе во тие земји живеат со помалку од три долари дневно, додека бројот на годишни конфликти е повеќе од трикратно зголемен во споредба со 2000-тите.