
Во 2024 година светската економија беше обележана со бавен глобален економски раст со зголемени геополитички поделби, извонреден скок на вредноста на златото и биткоинот проследен со пад на цената на нафтата, како и победата на Доналд Трамп.
Во својата сегашна прогноза, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува глобалниот економски раст да се забави од 3,3 отсто во 2023 година на 3,2 отсто во 2024 и 2025 година.
За пет години, глобалниот раст треба да биде 3,1 отсто, што според ММФ претставува просечен учинок во споредба со просекот пред пандемијата на коронавирус.











