Светската банка со предупредување: Економскиот шок ќе трае со месеци по војната

Земјите погодени од војната на Блискиот Исток треба да очекуваат неколку месеци економски нарушувања дури и по евентуалното повторно отворање на Ормутскиот теснец, предупреди претседателот на Светската банка, Аџај Банга.

Тој изјави дека дури и во случај на стабилизација и нормален проток на нафта преку клучниот поморски пат во светот, на глобалните економии сепак ќе им требаат неколку месеци за да се вратат на претходното ниво на активност, пренесува CNBC.

„Потребно е време работите да се стабилизираат“, рече Банга за време на состанокот во рамките на пролетната сесија на ММФ и Светската банка.