Светската музичка индустрија лани оствари приходи од над 19 милијарди долари

22

Фото: Pixabay

Светската музичка индустрија во 2018 година оствари приходи од 19,1 милијарди долари, јавува Меѓународната федерација на фонографски индустрии.

Според глобалниот музички извештај, пазарот на снимена музика забележа раст од 9,7% во 2018 година. Вкупно 255 милиони претплатници ги користат стриминг услугите во 2018 година, што е за 37% повеќе во споредба со претходната година.

Продажбата на дигитална музика, албуми и синглови, бележи намалување, а во исто време физичките носачи на звук и понатаму носат околу четвртина од приходите.

Најголеми светски пазари за музика се: САД, Јапонија, Велика Британија, Германија, Франција, Јужна Кореја, Кина, Австралија, Канада и Бразил.