Светската трговска организација ја зголеми прогнозата за економски раст во светот оваа година, но ја намали за следната

Светската трговска организација (СТО)  соопшти дека ја зголемила својата прогноза за раст на глобалната трговија оваа година, но предупреди дека економските изгледи за 2026 година се влошиле.

СТО во својот последен извештај „Перспективи и статистика за глобалната трговија“ предвиде дека растот на обемот на трговијата во 2025 година ќе изнесува 2,4 проценти, што е значително повисоко од претходната проценка од 0,9 проценти презентирана во августовскиот извештај, објави CNBC.

Сепак, организацијата го намали своето претходно очекување за обем на трговија од 1,8 проценти следната година на прилично лоши 0,5 проценти.