Светското производство на суров челик во мај се намали за 3,8 проценти на годишно ниво

Светското производство на суров челик во мај изнесуваше 158,8 милиони тони, што е намалување од 3,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави  Светската асоцијација за челик (WSA).

Ова истражување опфаќа 70 земји кои известуваат, што претставува приближно 98 проценти од вкупното светско производство на суров челик во 2024 година.

Кина произведе најмногу во мај, околу 86,6 милиони тони, што е пад од 6,9 проценти во споредба со периодот од пред една година.