Почетна Новости СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот

СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот

15

Светската здравствена организација (СЗО) донесе одлука да ги нарече верзиите на коронавирусот според буквите од грчката азбука во обид да се поедностави изговорот и да се избегне стигматизација на земјите каде што го пријавува новиот вид.

Така, четирите варијанти на корона виросот, кои агенцијата на ООН ги смета за загрижувачки и кои во јавноста и се познати како британски, јужноафрикански, бразилски и индиски, сега ги добија буквите Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривањето, пренесува Ројтерс.

Другите варијанти продолжуваат понатаму по азбучен ред.

Историски гледано, вирусите честопати биле поврзани со места за кои се претпоставувало дека потекнувале, како што е еболата, именувана по истоимената река во Конго.

Но, ова може да биде штетно за местата и честопати неточно, како што беше случај со таканаречената пандемија на “шпански грип“ од 1918 година, чие потекло е непознато, наведува агенцијата.

“Ниту една земја не треба да се жигосува за откривање и пријавување на варијантите“, изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове.

Фото: Freepik