Tag Heuer Connected – паметен часовник за 1.500 долари

21

_86588788_tag4Швајцарскиот производител на часовници Tag Heuer го претстави својот прв паметен часовник што работи на Android Wear оперативен систем, пишува BBC.

Неговата цена е 1.500 долари, а купувачите ќе можат по две години да го заменат Tag Heuer Connected за ист механички часовник, за дополнителна цена.

Единствен недостаток, според експертите е тоа што работи на Android оперативен систем, а најголемиот број на купувачи што се одлучуваат за вакви луксузни часовници користат iPhone, односно iOS оперативен систем.

Поголемиот број на делови од часовникот, како многубројните сензори, се изработени од Intel, а неговите димензии се 46,2 mm (дијаметар), 12,8 mm (дебелина). Моментално има верзија само за мажи, а од компанијата велат дека женската верзија од Tag Heuer Connected е во изработка.

Производителот е убеден дека нивната 155 годишна традиција на работење ќе помогне многу за продажбата на овој паметен часовник.

TAG-Heuer-Connected-android-watch-8TAG-Heuer-Connected-android-watch-11