Тајната на успехот според Мајкл Фелпс

104

felps

Фото: Twitter

Мајкл Фелпс, американски пливач со 21 златен медал, несомнено е физички надарен атлет, но неговиот успех се должи и на други фактори. Кои се неговите методи и тајни за успех, пишува Entrepreneur.

Поставување цел

Уште кога имал осум години, Фелпс ја замислувал својата иднина на Олимписки игри и си поставил јасна цел дека еден ден и тој ќе учествува. Тој ја запишал својата цел, односно времето што сака да го постигне во различни трки и ги поставил на видно место.

“Целите што ве плашат, ве мотивира или ве вадат од комфорната зона се оние што ќе ве туркаат и ќе иницираат личен прогрес.”

Визуелизација

Кога бил тинејџер, тренерот Боб Боуман го советувал после секој тренинг дома во главата да си ја премотува сликата, ментална визуелизација на совршена трка. Да се замислува како плива од почеток до крај, до најситни детали, дури и како му капе вода по лицето. Оваа рутина на Фелпс му станала навика што ја практикува до ден денес.

Подготвеност за секакво сценарио

При визуелизацијата, Фелпс се подготвувал за секакво сценарио што би можело да се случи и за сè смислувал план и решение. На тој начин, тој е ментално подготвен за секаква ситуација.

Учење од сопствените грешки

За време на Олимписките игри во Лондон 2012 година, Фелпс за малку загуби една трка на 200 метри пеперутка од Јужноафриканецот Чад ле Клос. Мотивиран од поразот, Фелпс ја простудирал снимката, сфатил каде згрешил и што треба да направи за да се поправи.