Техники за стимулирање на креативноста

385

kreativnost

Фото: Pexels

Како деца сите сме биле креативни и некаде по патот сме ја изгубиле таа енергија. Со самоанализа може да ја поттикнеме таа потисната креативност што веќе ја имаме. Таа може да се искористи во организациски цели за компанијата да биде поконкурентна на пазарот. За стимулирање на креативноста во организацијата многу е важно поттикнување на сопствената креативност, а за тоа да го направи претприемачот треба прво да биде свесен за сите бариери што постојат и го ограничуваат човекот за да биде креативен. Прво мора да работи на самиот себе, па потоа да се промовира креативноста во самата организација и создавање на иновативна култура.

„Лесно е да се зборува за креативност, но ако не се однесуваме така, не можеме да ги стимулираме и другите. Постојат најразлични техники за стимулирање на креативноста. Не се тоа рецепти и секој треба да си го најде својот начин“, вели Александар Караев, магистер по менаџмент.

Некои од техниките што се користат за поттикнување на креативноста се brain storming, SCAMPER и мапирање на умот.

1. Brain storming

Brain storming претставува широко користена техника за генерирање на идеи. Некои луѓе не ја поврзуваат директно со креативноста, но една од неговите цели е создавање на добра атмосфера каде вработените ќе бидат ослободени од притисокот и ќе даваат идеи. На почетокот побитен е квантитетот на идеите и од мноштвото идеи треба да се дојде до квалитената. Најважното е вработените во компанијата да не се ограничуваат и да мислат дека една идеја не е добра или не е доволно паметна. Целта на brain storming е да ги стимулира вработените да размислуваат неконвенционално.

2. S.C.A.M.P.E.R

S.C.A.M.P.E.R е листа на проверка што им помага на претприемачите да ги откријата промените што можат да ги нарават врз некој постоечки производ за да создадат нов.

S – Substitute (заменете): компоненти, материјали или луѓе

C – Combine (комбинирајте): со други производи или услуги, интегрирајте

А – Adapt (адаптирајте): сменете ја функцијата, употребете делови од друг елемент

М – Modify (модифицирајте): зголемете или намалете, променете ја формата, променете ги карактеристиките

P – Put (ставете): ставете ги во различна употреба

E – Eliminate (елиминирајте): отстранете некои елементи, спуштете го на основните функции

R – Reverse (свртете): свртете наопаку

3. Мапирање на умот

Размислувањето на карта или концептно размислување, значи запишување на една централна идеја и измислување на нови и поврзани идеи што се шират од центарот. Тоа е техника што се користи за решавање на комплекси проблеми.

„Техниките се учат, но потешко е човек да се анализира, што е тоа што го спречува да биде креативен и како да го промени начинот на размислување. Кога тоа ќе го направиме, техниките се лесна работа“, вели Караев.

Доколу претпримачот сака да ја стимулира креативноста, мора да се промени самиот и да најде начин за да создаде атмосфера во која нема да ја блокира иновативноста со прекумерно воспоставување на контрола кај вработените.