Технологиите за вештачка интелигенција ги користат 20 проценти од компаниите во ЕУ

Во 2025 година, 20 проценти од бизнисите во Европската Унија со десет или повеќе вработени користеле технологии за вештачка интелигенција (ВИ) за водење на својот бизнис, покажувајќи солиден раст од 6,5 процентни поени (п.п.) од 13,5 проценти во 2024 година.

Во споредба со 2021 година (7,7 проценти) и 2023 година (8,1 процент), употребата на технологии за ВИ станува сè попопуларна меѓу бизнисите во ЕУ, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Најголемиот удел на овие компании во 2025 година беше во Данска (42 проценти), Финска (37,8 проценти) и Шведска (35 проценти). На другиот крај беа Романија (5,2 проценти), Полска (8,4) и Бугарија (8,5 проценти).

Речиси сите земји од ЕУ забележаа зголемување на уделот на компании што користат технологии за вештачка интелигенција во споредба со претходната година. Данска регистрираше најголем пораст (+14,5 п.п.), по што следуваат Финска (+13,5 п.п.) и Литванија (+12,5 п.п.).

Најчестата употреба на вештачка интелигенција од страна на бизнисите во ЕУ беше анализа на пишан јазик (11,8 проценти). Потоа следува употребата на вештачка интелигенција за генерирање слики, видео, звук/аудио (9,5 проценти), пишан или говорен јазик (8,8 проценти) и за конвертирање на говорниот јазик во машински читлив формат (7,2 проценти).

Во споредба со 2024 година, употребата на вештачка интелигенција што најмногу порасна во 2025 година беше анализата на пишан јазик (4,9 проценти), проследена со генерирање на пишан или говорен јазик (3,4 проценти).