Технолошките компании отпуштија илјадници работници: Автомобилски гигант им нуди работа

104

Работниците отпуштени од технолошките компании во Британија во последните денови би можеле да најдат нов дом во Jaguar Land Rover (JLR), бидејќи производител на луксузни автомобили со стогодишна традиција сака да ангажира стотици инженери за да помогнат во развојот на технологијата за електрични автомобили.
Производителот на автомобили, кој сака да стане „електричен“ бизнис од 2025 година, во петокот најави отворање на портал за работа за отпуштени технолошки работници за пополнување 800 позиции поврзани со развој на автономно возење, електрификација, машинско учење и статистика и анализа на податоци, пренесува Ројтерс.

Компанијата соопшти дека верува дека работниците што ги напуштаат големите технолошки групи како Амазон најверојатно ќе ги имаат потребните вештини за да пополнат нови работни места во Велика Британија, Ирска, САД, Индија, Кина и Унгарија, објави BiznisInfo.ba.

Најголем дел од работните места ќе бидат во Британија.

Повикот за вработување доаѓа по илјадници отпуштања во последните недели во американските технолошки компании, вклучувајќи ги Твитер, Мета и Амазон, од кои некои имаат канцеларии во Лондон и Даблин, Ирска.

„Нашето патување за дигитална трансформација е во тек, но можноста да ангажираме висококвалификувани дигитални работници е важен следен чекор“, рече главниот директор за информации Ентони Батл во изјавата.

Минатата година, JLR објави стратегија за електрификација според која сите автомобили на Jaguar ќе бидат целосно електрични до 2024 година, со електрична опција понудена во целото портфолио, вклучувајќи го и Land Rover.